Три дена поминал во притвор во Македонија, каде го пречекале со вода и плескавица, и како што своевремено раскажуваше, тоа било притвор со толеранција.
-Апсењето се случи во 1987 година во Охрид, откако кај мене беше пронајдена поголема количина на девизи, што во тоа време беше забрането. Од 1985-та до 1989-та година живеев во Загреб. Се презаситив од музиката, па со еден пријател инвестирав во машини за превоз на пластика. Пошироката јавност дозна дека се занимавам со приватен бизнис дури откако ме уапсија во Охрид, поради тоа што кредитните средства ги претворав во девизи, кои во тоа време поевтино се купуваа во Македонија, за разлика од Србија и Хрватска. Беше многу непријатно, луѓето купуваа девизи во селата со Албанци. Цело време ме следеа, не им беше јасно што правам таму во февруари, кога нема концерт ниту туристи. А јас бев натоварен, па ме пречекаа и ми ги зедоа сите девизи. Три дена бев во притвор, би рекол своевиден притвор со толеранција и почит, а по третиот ден, ме ослободи истражниот судија да се бранам од слобода, се сеќаваше Здравко Чолиќ.
Балканската музичка ѕвезда Здравко Чолиќ, денес полни 75 години. Тој важи за една од најголемите, а можеби и најголемата музичка легенда од времето на СФРЈ. Активен е на сцената речиси шест децении, и се уште настапува, не само во регионот, туку и низ Европа, пред екс Ју иселениците. Со сопругата Александар ги имаат ќерките Уна и Лара, а пред да стапат во брак биле 11 години во врска.
-Не сакав да се врзувам и секогаш се плашев од брак, но Александра ме освои со толеранцијата и трпението, па стекнавме меѓусебна доверба. Жал ми е што поради мојот начин на живот не минував повеќе време со децата низ годините, Александра беше повеќе време со нив, но всушност и во моето семејство беше така, татко ми често беше на терен, и со брат ми најмногу време минувавме со мајка ни, раскажуваше тој во постари интервјуа.
Деск

