Пожар избувнал во машкиот тоалет на Државното средно стручно училиште „Моша Пијаде“ во Тетово, при што шестмина вработени биле пренесени во Клиничкиот центар поради вдишување чад.
Според информациите од полицијата, случајот бил пријавен во СВР Тетово на 2 јуни 2026 година. Пожарот настанал околу 09:50 часот во една од кабините во машкиот тоалет на училиштето.
Благодарение на брзата реакција на вработените, огнот бил изгаснат со противпожарни апарати и хидранти, со што било спречено негово понатамошно ширење.
За време на интервенцијата, поради изложеност на чад, вработените со иницијали Н.Р., И.П., М.С., А.З., Б.К. и Г.М. биле пренесени во Клиничкиот центар во Тетово, каде им била укажана лекарска помош.
На местото на настанот увид извршила увидна екипа од СВР Тетово во присуство на јавен обвинител. Надлежните институции работат на утврдување на причините за избувнувањето на пожарот.
Деск
ПОЖАР ВО ТОАЛЕТ ВО СРЕДНО УЧИЛИШТЕ, ШЕСТМИНА ВРАБОТЕНИ ПРЕНЕСЕНИ ВО КЛИНИЧКИОТ ЦЕНТАР ТЕТОВО ПОРАДИ ВДИШУВАЊЕ ЧАД
1 Min Read

