Во КПУ Затвор Струмица е реализиран значаен чекор во насока на унапредување на ресоцијализацијата и образованието на осудените лица, соопшти Управата за извршување санкции.
За прв пат во историјата на државата, на осудено лице во затворска установа му е доделено официјално свидетелство за завршена година од средното образование. Осуденото лице Д. Т. успешно ја завршило првата година во средното образование во ДСУ „Никола Карев“ – Струмица, постигнувајќи добар успех.
Од Управата за извршување санкции посочуваат дека овој настан претставува важен исчекор во спроведувањето на политики за ресоцијализација преку образование, со цел поттикнување на позитивни промени и намалување на ризикот од повторно сторување на кривични дела.
Образовниот процес за лицето продолжува, со цел негово целосно завршување на средното образование во рамките на програмите што се реализираат во затворската установа.
-Ова не е само обичен документ – ова е круна на заедничкиот заложби, силниот институционален капацитет на КПУ Затвор Струмица и нашата непоколеблива визија дека вистинската ресоцијализација е можна само преку едукација, знаење и вистински општествени вредности.
Школувањето за ова лице продолжува со силно темпо сè до неговото конечно дипломирање, објавија од управата.
Од институцијата нагласуваат дека вложувањето во образование, дисциплина и поддршка на осудените лица е дел од пошироките напори за нивна успешна реинтеграција во општеството по издржување на казната.
Деск
ЗА ПРВ ПАТ ВО ДРЖАВАТА ОСУДЕНИК СЕ СТЕКНА СО СВИДЕТЛСТВО ВО ЗАТВОР: ПРОДОЛЖУВА ДО ДИПЛОМИРАЊЕ!
2 Mins Read
Previous ArticleТРАГЕДИЈА ВО КРИЖЕВЦИ: ВЕТЕРИНАР ПОЧИНА ОТКАКО ГО УДРИ КОБИЛА

