Во Општина Пехчево започна реконструкцијата и пренамената на постоечки објект во нов Центар за посетители – Туристички информативен центар, информираат од Владата.
Со инвестиција во вредност од 5.996.591 денари, односно околу 100 илјади евра, се предвидува создавање современ простор кој ќе служи за прием и информирање на посетителите, како и за промоција на туристичките потенцијали на регионот.
Од надлежните институции посочуваат дека со реализацијата на овој проект ќе се подобри туристичката инфраструктура во Пехчево, што треба да придонесе за поголема видливост и афирмација на општината како туристичка дестинација.
Проектот е дел од пошироки активности насочени кон развој на локалниот туризам и унапредување на условите за посетителите во регионот.
Деск
ЌЕ СЕ ПРОМОВИРААТ ТУРИСТИЧКИТЕ ПОТЕНЦИЈАЛИ НА ПЕХЧЕВО: ОПШТИНАТА ДОБИВА ТУРИСТИЧКИ ИНФО ЦЕНТАР ЗА 100 ИЛЈАДИ ЕВРА
1 Min Read

