По синоќешната објава на Министерството за здравство, во која здравствениот тим оддаде почит на починат органодарител и изрази благодарност до неговото семејство, денес пристигна веста за успешна трансплантација на срце кое започнало нов живот во телото на пациент.
Од Министерството информираа дека медицинските тимови биле вклучени во сложен и високо сензитивен процес, при кој органите на починатиот дарител биле трансплантирани со цел да се спасат животи.
Националниот координатор за трансплантација, Билјана Кузмановска, синоќа истакна дека ваквите моменти претставуваат спој на длабока човечка болка и највисок степен на хуманост, при што одлуката на едно семејство отвора можност за нов живот кај други пациенти.
Од Министерството за здравство, Азир Алиу, изрази благодарност до семејството на дарителот и признание до сите здравствени работници вклучени во процесот, нагласувајќи ја важноста на органодарителството како чин што директно спасува животи.
Денес, од болничките извори беше потврдено дека трансплантираното срце започнало да чука во градите на пациентот, што медицинските тимови го опишуваат како критичен и надежен момент во закрепнувањето.
„Првото отчукување“ на новото срце симболично означува продолжување на животот — од загуба кон нова шанса, од тишина кон ритам што повторно носи надеж.
В.К.
СРЦЕТО НА ПОЧИНАТ ДАРИТЕЛ ПОВТОРНО ЗАЧУКА ВО НОВ ЖИВОТ: УСПЕШНА ТРАНСПЛАНТАЦИЈА ВО ЗЕМЈАТА
1 Min Read

