Поранешниот вицепремиер задолжен за добро владеење, Арбен Фетаи, би можел наскоро да биде назначен за специјален владин претставник во Брисел.
-Фетаи даде оставка за да биде назначен за специјален претставник во Брисел, односно да заземе нова функција, кажа денес копретседателот на Влен, Изет Меџити.
Засега нема официјална потврда за ваквото именување, но информациите доаѓаат во период кога Фетаи веќе ја напушти извршната функција во Владата. Фетаи на 2 јуни ја потврди својата оставка од функцијата заменик-претседател на Владата задолжен за добро владеење, наведувајќи дека одлуката ја доставил до премиерот.
Според неговата официјална биографија, тој студирал политички науки и европски студии во Белгија и поседува и белгиско државјанство. Во текот на кариерата работел на проекти поврзани со европските интеграции и регионалната соработка.
Пред да поднесе оставка, беше актуелен во јавност бидејќи извесен период не доаѓал на работа, ниту пак на седници.
Деск

