Министерот за транспорт, Александар Николоски, денес најави отворање на две нови авиолинии од Полска до Охрид, што се очекува значително да ја зголеми поврзаноста на Македонија со Европа. Новите линии се: Вроцлав – Охрид и Катовице – Охрид.
„Растот на македонските аеродроми од 31% е најголем во регионот. Овие две нови линии ќе донесат многу повеќе патници, туристи и бизнис посетители кои ќе доаѓаат во Македонија, како и дополнителна отвореност кон светот“, истакна министерот.
Николоски додаде дека реконструкцијата и проширувањето на охридскиот аеродром „Св. Апостол Павле“ е во завршна фаза и се очекува за околу два месеци да биде пуштен во употреба целосно нов, модерен терминал.
„Ова е нешто што долго време му требаше на аеродромот и конечно се реализира“, нагласи тој.
Со овие чекори, Македонија очекува дополнителен раст на туризмот, зголемување на бројот на патници и унапредување на инфраструктурата која ќе овозможи побрза и поудобна авио-поврзаност со Европа.
Деск

