Тешка сообраќајна несреќа се случила денес на околу десет километри од Кавадарци, односно кај клучката на експресниот пат од Прилеп. Според досега потврдените информации од раководителот на Итната служба од кавадаречката болница, д-р Антоан Паракеов, повикот за трагедијата до Брзата помош пристигнал во околу 13.20 часот, по што нивните екипи веднаш се упатиле на местото.
-Станува збор за директен судир помеѓу две патнички возила, во близина на клучката на експресниот пат. Починати се двајцата патници од едното возило, се работи за женско и машко лице, а пак од другото возило едно машко лице од Прилеп, на возраст од 39 години со тешки повреди е пренесено во болница.
Се уште немаме официјални податоци за иднетитетот и возраста на загинатите лица, за ВИКИМЕДИА вели д-р Паракеов.
Повеќе детали за настанот се очекуваат од страна на МВР, во тек на утрешниот ден.
В.К.
ДВЕ ЛИЦА ЗАГИНАА ВО ТЕШКА СООБРАЌАЈНА НЕСРЕЌА КАЈ КАВАДАРЦИ, ЕДНО СЕ БОРИ ЗА ЖИВОТ
1 Min Read
Previous ArticleМИЦКОСКИ: ИМАМ ЛОША ВЕСТ ЗА ТИЕ КОИ САТИРИЧНО ПРЕНЕСУВААТ, МАКЕДОНИЈА Е МЕЃУ НАЈДОБРИТЕ ВО ЕВРОПА ПО РАСТ НА БДП И ПОБЕДУВА!
Next Article 11 ГОДИНИ БЕЗ ЏУМЕРКО

