Четириесет и четиригодишна жителка на Кавадарци се здобила со тешки телесни повреди по пад од висина додека работела во својот дом.
Според информациите од Министерството за внатрешни работи, на 6 јуни 2026 година, пет минути по полноќ, во ОВР Кавадарци било пријавено дека во Општата болница во Кавадарци за укажување лекарска помош била донесена А.Д. (44) од Кавадарци.
Според првичните сознанија, жената се повредила при пад од висина за време на извршување работни активности во својот дом. Лекарите констатирале тешка телесна повреда.
За настанот бил известен јавен обвинител, а надлежните служби преземаат мерки за целосно расчистување на околностите под кои се случил инцидентот.
Деск
Previous ArticleВИНЧИНИ ОТВОРА НОВА ФАБРИКА ВРЕДНА 8,5 МИЛИОНИ ЕВРА!

