Свети Николе и оваа година ќе биде центар на моторџиската и рок-енергијата во регионот, со претстојното 11-то издание на Мото Фест, кое ќе се одржи од 26 до 28 јуни 2026 година.
Фестивалот, кој важи за еден од најпосетените мото-настани во Македонија и пошироко, повторно носи три дена исполнети со мотори, рок концерти и дружење на отворено, привлекувајќи љубители на двата тркала и живата музика од целиот регион.
Организаторите најавуваат силна музичка програма со домашни и регионални рок изведувачи, но како главни ѕвезди на овогодинешното издание се истакнуваат легендарните Generacija 5 и Dado Topić, кои се очекува да ја направат кулминацијата на фестивалската атмосфера.
Настапите на овие две музички имиња се најавуваат како врв на програмата, со што Мото Фест уште еднаш ја потврдува својата репутација како настан кој ги спојува моторџиската култура и рок музиката во едно големо летно доживување.
Со богата програма, голема посетеност и препознатлива енергија, Мото Фест Свети Николе и оваа година се очекува да привлече илјадници посетители од земјата и регионот.
В.К.

