ВМРО – ДПМНЕ синоќа во Струмица го одбележа 36-от роденден на партијата на настан во спортска сала, на кој присуствуваа членови и симпатизери.
Претседателот на партијата и премиер Христијан Мицкоски во своето обраќање порача дека најавените политички промени започнуваат со реконструкција на Владата, која, како што истакна, ќе стартува од утре.
Осврнувајќи се на процесот на уставни измени, Мицкоски нагласи дека ВМРО-ДПМНЕ нема да прифати промени без јасни гаранции за европскиот пат на државата. Тој посочи дека уставни измени би биле можни само доколку постои извесност дека тоа е последната отстапка во процесот на европска интеграција.
-Нашата заложба и понуда се измени кои би се случиле само под услов да имаме гаранција за извесност на европскиот пат и дека ова ќе биде последната отстапка што ќе ја направиме. Нема сила, ниту пари на светот, кои ќе ме предизвикаат да донесам историски срам за нашата татковина, кажа Мицкоски.
Во својот говор, премиерот ја обвини опозицијата дека со претходни одлуки ги изневерила очекувањата на граѓаните и дека создала дополнителни пречки на патот кон Европската Унија. Според него, доколку не биле тие проблеми, земјата веќе би била значително понапред во пристапните преговори.
Мицкоски порача и дека европската интеграција ќе претставува долг процес, кој, како што рече, ќе бара „маратон“ за надминување на наследените политички предизвици.
МИЦКОСКИ: НЕМА СИЛА, НИТУ ПАРИ НА СВЕТОТ КОИ ЌЕ МЕ ПРЕДИЗВИКААТ ДА ДОНЕСАМ ИСТОРИСКИ СРАМ НА НАШАТА ТАТКОВИНА!
2 Mins Read

