Вечерва цела Македонија има причина да биде обединета. Нашата претставничка Мирјана Митрева настапува во големото финале на „Ѕвездите на Гранд“, носејќи го со себе талентот, трудот и достоинството со кое со месеци ја претставуваше државата на најголемата регионална музичка сцена.
Нејзиниот успех е успех на сите нас, а нејзината победа би била победа и за Македонија. Затоа, потребна е поддршка од секој граѓанин кој верува во македонскиот талент и во успехот на нашите млади уметници.
Гласањето е отворено, а секој глас може да биде одлучувачки. Мирјана Митрева настапува под реден број 12, а гласовите може да се испратат на телефонскиот број 145333 (без префикс).
Да покажеме единство и да испратиме силна порака дека Македонија стои зад своите таленти.
Гласајте за број 12 на 145333. За Мирјана. За Македонија.
В.К.
ДА ПОКАЖЕМЕ ДЕКА МАКЕДОНИЈА ЗНАЕ ДА ГИ ПОДДРЖИ СВОИТЕ ТАЛЕНТИ И ДА ЈА КРУНИСАМЕ ПРИКАЗНАТА НА МИРЈАНА СО ПОБЕДА!
1 Min Read

