Легендарниот британски рок бенд The Rolling Stones продолжува со подготовките за објавувањето на својот нов студиски албум „Foreign Tongues“, кој треба да излезе на 10 јули 2026 година. Како најава за долгоочекуваното издание, бендот ги претстави новите песни „Jealous Lover“ и „Divine Intervention“, кои веќе се достапни на дигиталните музички платформи.
Песната „Divine Intervention“ носи специјална соработка со Роберт Смит, фронтменот на The Cure, додека видеоспотот за „Jealous Lover“ ги обединува актерите Ања Тејлор-Џој и Чарлс Мелтон. Новиот албум ќе вклучува и гостувања на Пол Макартни, Стив Винвуд и Чед Смит, што дополнително ја зголемува возбудата кај љубителите на рок-музиката.
Покрај новата музика, The Rolling Stones го најавија и својот прв официјален подкаст со наслов „Speaking In Tongues“. Серијалот ќе содржи ексклузивни разговори со Мик Џегер, Кит Ричардс и Рони Вуд, како и приказни за создавањето на албумот „Foreign Tongues“. Наратор на подкастот е познатата музичарка Нора Џонс.
Со овие нови изданија, The Rolling Stones уште еднаш покажуваат дека и по повеќе од шест децении на светската музичка сцена остануваат креативна сила, подготвена да ја изненади публиката со нов материјал и свежи соработки.
Б.Н.

