Војшанци во неготинско и ова лето ќе биде центар на добра музика, забава и дружење. На 1 август 2026 година ќе се одржи третото издание на Војшанци Вилиџ Фест, настан кој за само неколку години прерасна во препознатлив белег на местото и една од најочекуваните летни манифестации во регионот.
Од година во година фестивалот привлекува сè поголем број посетители, не само од неготинскиот крај, туку и од цела Македонија. Со својата позитивна атмосфера, богатата понуда на традиционална храна, дружењето и квалитетната музичка програма, Вилиџ Фест се наметнува како место каде луѓето доаѓаат за добро расположение и незаборавни моменти.
Организаторите најавуваат уште едно издание исполнето со енергија, забава и врвна музика. Главен гостин на Village Festival 2026 ќе биде Зијо Валентино, музичар познат по своите големи хитови кои оставија силен печат на музичката сцена низ цела поранешна Југославија.
Публиката ќе има можност во живо да ги слушне песните кои со години се пеат од генерација на генерација и да ужива во препознатливиот звук и харизма на Зијо Валентино.
„Војшанци Вилиџ Фест“ не е само музички настан, туку прослава на заедништвото, традицијата и гостопримството по кое е познат овој крај. Со секое ново издание фестивалот расте, а Војшанци станува препознатлива дестинација за сите љубители на добра забава.
Сите патишта на 1 август ќе водат кон Војшанци – каде што посетителите ги очекуваат одлична музика, вкусна храна и вечер за паметење.
ВОЈШАНЦИ СЕ ПОДГОТВУВА ЗА НАЈГОЛЕМАТА ЛЕТНА НОЌ – ВИЛИЏ ФЕСТ 2026 СО ЗИЈО ВАЛЕНТИНО!
2 Mins Read

