Легендарниот американски музичар Боб Дилан оваа есен ќе настапи во Љубљана, каде што на 9 ноември 2026 година ќе одржи концерт во арената „Стожице“ како дел од својата европска турнеја. Настапот е потврден и на неговата официјална страница, а продажбата на билетите е најавена за 22 јули.
Она што го издвојува овој концерт е строгата забрана за користење мобилни телефони за време на настапот. Посетителите ќе треба да ги остават своите телефони во специјални заклучени футроли, кои ќе ги задржат кај себе, но нема да можат да ги отворат додека трае концертот, освен во посебно означени зони. Оваа практика Дилан ја применува веќе неколку години со цел публиката целосно да се посвети на музиката, без снимање, фотографирање и одвлекување на вниманието од екраните.
Европската турнеја на Боб Дилан опфаќа околу 30 концерти во повеќе земји, меѓу кои Норвешка, Шведска, Германија, Италија, Словенија, Австрија и Велика Британија. Концертот во Љубљана ќе биде една од ретките можности љубителите на неговата музика од регионот да го видат во живо.
Добитникот на Нобеловата награда за литература и еден од највлијателните автори во историјата на современата музика продолжува да настапува и во деветтата деценија од животот, а неговите концерти и понатаму привлекуваат голем интерес кај публиката ширум светот.
БОБ ДИЛАН ДОАЃА ВО ЉУБЉАНА: ЗАБОРАВЕТЕ НА СЕЛФИ И ВИДЕА, МОБИЛНИТЕ ЌЕ БИДАТ ИСКЛУЧЕНИ!
1 Min Read
Previous ArticleПО ЉУБОВТА И СЕМЕЈНАТА СРЕЌА, ТАЈЗИ ГО ОСТВАРУВА И МУЗИЧКИОТ СОН

