Министерот за транспорт Александар Николоски вечерва ќе присуствува на Пиво Фест во Прилеп, каде што ќе има можност за непосредни средби и разговори со граѓаните.
Николоски преку објава информираше дека покрај средбите со граѓаните, продолжува со активности поврзани со реализацијата на владините политики и реформскиот процес.
„Вечерва ќе бидам дел од атмосферата на Пиво Фест во Прилеп, каде ќе имам можност да се сретнам и да разговарам со голем број граѓани“, наведува министерот.
Тој посочи дека реформите и исполнувањето на европската агенда остануваат приоритет, нагласувајќи дека процесите ќе продолжат со посветено и забрзано темпо.
„Продолжуваме посветено и забрзано за Македонија“, порача Николоски.

