Кавадарци повторно ги отвори своите врати за децата од Украина. Синоќа во градот пристигна група од деца на возраст од 10 до 16 години од најпогодените воени подрачја во Украина, кои во следните десет дена ќе престојуваат во Михајлово.
За време на нивниот престој е подготвена разновидна програма со спортски активности, културни настани, едукативни содржини, излети и дружења. Организаторите имаат за цел на децата да им овозможат пријатен и исполнет престој, можност за нови пријателства и создавање позитивни спомени во Кавадарци.
Иницијативата е реализирана со поддршка на градоначалникот на Општина Кавадарци, Митко Јанчев, додека целосната поддршка за престојот ја обезбедува компанијата Кожувчанка. Со ова, компанијата уште еднаш ја потврдува својата посветеност кон општествената одговорност и хуманите активности.
Во реализацијата на програмата ќе учествуваат и повеќе локални институции, спортски клубови и организации, кои ќе придонесат деновите поминати во Кавадарци да бидат исполнети со активности, дружење и позитивни искуства.
Посетата на децата од Украина е уште еден пример за солидарност и поддршка, преку која Кавадарци покажува дека е град отворен за пријателство, грижа и човечност.
МИТКО ЈАНЧЕВ СО ПОДДРШКА ЗА ДЕЦАТА ОД УКРАИНА: КАВАДАРЦИ ПОВТОРНО ДОМАЌИН НА ХУМАНА МИСИЈА
1 Min Read

