-Ја напишав песната во такси, додека одев на аеродром, а Оливер Драгојевиќ ја сними за само десет минути во студиото на Радио Белград. Неговиот глас и даде белег на песната, а потоа и многу други ја снимаа. Во неа се чувствува тоа време, таа земја, култура… и ,,А сад адио” веднаш стана хит во Југославија, раскажуваше во постаро интервју композиторот Војкан Борисављевиќ, кој ја создал музиката за безвременската песна која се пееше кога се испраќаа војници, но и во кафеани.

Таа беше заштитен знак на серијата ,,Жежок ветер” со Љубиша Самарџиќ во главната улога, која беше снимена во 1979 година и освен во Југославија, се емитуваше и во Австрија, Чехословачка, Бугарија, Романија и Унгарија.
Токму поради популарноста во Унгарија, на Самарџиќ му ја донесе наградата Глумец на годината кој крајот на осумдесеттите години.

-Најмасовната изведба на ,,А сад адио” се случи на плоштад во Будимпешта, при доделување на наградата на Љубиша. Тогаш тој ја запеа песната на унгарски јазик, а над 100.000 луѓе пееа со него. Тоа беше најголемиот хор кој го имав, раскажа Борисављевиќ.
Серијата ,,Жежок ветер” во Унгарија тогаш беше прогласена за најдобра ТВ серија на сите времиња.

