Четириесет и едногодишен жител на ресенското село Курбиново бил пренесен во Клиничката болница во Битола откако бил нападнат од мечка додека собирал печурки.
Од Министерството за внатрешни работи информираат дека случајот бил пријавен завчера во 19:50 часот во Секторот за внатрешни работи Битола. Според полициските информации, Н.И. бил нападнат додека престојувал во шумски предел во потрага по печурки.
По нападот, повредениот веднаш бил пренесен во Клиничката болница во Битола, каде што му била укажана лекарска помош.
Засега не се соопштуваат повеќе детали за тежината на неговите повреди, ниту за неговата здравствена состојба.

