Премиерот Христијан Мицкоски синоќа присуствуваше на Пиво Фест во Прилеп, каде се сретнал со голем број граѓани и ја проследил атмосферата на една од најпознатите летни манифестации во градот.
Мицкоски објави дека имал можност за непосредни средби и разговори со присутните граѓани, во амбиент исполнет со музика, традиција и позитивна енергија.
„Имав можност да се сретнам и да разговарам со голем број граѓани, во пријатна атмосфера исполнета со музика, традиција и позитивна енергија. Ваквите настани се уште една потврда дека заедништвото, непосредната комуникација и поддршката на локалните манифестации се важен дел од животот на секоја заедница“, напиша Мицкоски.
Пиво Фест и оваа година привлече голем број посетители, а фестивалската програма понуди богата музичка содржина со настапи на изведувачи од Македонија и регионот. На сцената настапи Џенан Лончаревиќ, а во следните фестивалски вечери публиката ќе има можност да ги проследи настапите на Милица Павловиќ и Јелена Розга.
Дел од програмата се и настапите на домашни музички имиња, меѓу кои Огнен Зравковски, Јордан Митев, Марјан Коцев и други македонски изведувачи.
Со спојот на музика, традиција и забава, Пиво Фест продолжува да биде една од најпосетените манифестации во Прилеп, која секое лето ги собира граѓаните и гостите од земјата и регионот.
МИЦКОСКИ НА ПИВО ФЕСТ ВО ПРИЛЕП: ВО ПРИЈАТНА АТМОСФЕРА РАЗГОВАРАВ СО МНОГУ ГРАЃАНИ
1 Min Read

