-Драги соседи, се учам како да си го заработам својот џепарлак и затоа ги нудам услугите: Изнесување на ѓубре – 1 евро, Прошетка на мало куче – 2 евра, Мал пазарлак од продавница – 1 евро. Имате ли уште некоја мала работа? Јавете ми се, радо ќе ви помогнам, живеам во вашата зграда – оваа симпатична порака ги дочекала станарите во висока зграда во Сплит, а под неа се потпишало 10-годишно момче, нивни сосед, кое се учело како на чесен начин да заработи.

Со едноставни зборови напишани на лист хартија, младиот сосед испратил силна порака: работата, одговорноста и желбата да се помогне се вредности што се учат од најрана возраст, а неговиот оглас масовно се споделува на социјалните мрежи.
Истиот стана потсетник дека најубавите примери често доаѓаат од најмладите. Со една едноставна идеја, ова момче покажа дека трудот, чесноста и желбата да се биде корисен се вредности што заслужуваат внимание и пофалба.

