Почитувани читатели,
Пред една година започна патувањето на ВИКИМЕДИА (www.viki.mk). Без големи зборови, но со голема желба – да создадеме медиум што ќе биде блиску до луѓето и до нивното секојдневие. Денес, по една година, најголемата вредност што ја имаме не се само објавените вести, туку довербата што ја добивме од вас.
Зад ВИКИМЕДИА стојат 25 години новинарски кредибилитет, професионална посветеност и верба дека секој човек има приказна која заслужува внимание. Затоа за нас е важно да бидеме медиум не само за големите теми, туку и за обичниот човек – за неговите грижи, надежи, успеси и предизвици.
Кога гледаме дека нашата Фан страница достигнува милионски прегледи месечно, гледаме повеќе од бројки и кликови. Гледаме доверба, интерес и потврда дека она што го работиме стигнува до вас. Ви благодариме на сите што нè читате, што нè следите и што ни давате сила да продолжиме. Благодарност и до сите компании, институции и партнери кои ни ја дадоа својата доверба и ја поддржаа нашата работа.
Една година ВИКИМЕДИА не е само наш јубилеј. Тоа е ваша приказна со нас. И додека има луѓе со приказни, ќе има причина да продолжиме да ги раскажуваме.


