Индиски државјанин, кој работел на изградбата на автопатот Кичево–Охрид, се повредил откако се превртел со товарен камион ,,Ман” на делницата меѓу селата Извор и Попоец.
Според информациите од Министерството за внатрешни работи, несреќата се случила на 23 јули околу 10:45 часот. Станува збор за С.Ј. (25) од Индија, кој управувал товарно возило „ман“ со скопски регистарски ознаки. Од засега неутврдени причини, тој изгубил контрола над камионот, по што возилото се превртело.
Повредениот работник со возило на Итната медицинска помош бил пренесен во Општата болница во Кичево, каде му била укажана лекарска помош.
Полициски екипи извршиле увид на местото на несреќата, а ОВР Кичево, во координација со јавен обвинител и други надлежни институции, работи на целосно расчистување на околностите под кои се случила незгодата. По завршувањето на истрагата ќе следува соодветен поднесок.

