Четириесет и двегодишен велешанец е приведен откако ја нападнал својата 71-годишна мајка во семејниот дом и ѝ нанел расекотина на раката.
Според информациите од Министерството за внатрешни работи, инцидентот се случил на 25 јули, околу 00:10 часот, кога по кратка расправија, Т.Б. од Велес најпрво ѝ се заканувал на својата мајка, а потоа ја нападнал со остар предмет, при што ѝ нанел расекотина на раката. По нападот, тој продолжил да фрла и да крши предмети низ семејниот дом.
Полициски службеници од СВР Велес веднаш интервенирале и го лишиле од слобода осомничениот, кој бил задржан во полициска станица.
За случајот е известен јавен обвинител, а по целосното документирање на настанот против Т.Б. ќе биде поднесен соодветен поднесок.

