Close Menu
Вики

    Subscribe to Updates

    Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

    What's Hot

    Три дена се трага по неготинецот Димитар: Излегол после ручек да се раздвижи и не се вратил дома!

    23/07/2025

    Кавадарчанка платила за изнајмување на вила во Грција, кога стигнала на дестинацијата сфатила дека е измамена!

    23/07/2025

    Влатко Миладиноски: Ги рушам бариерите, сакам да ги испровоцирам и колегите да го следат мојот пример!

    23/07/2025
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    ВикиВики
    ЧЛЕНСТВО
    • Почетна
    • Македонија
    • Магазин
    • Свет
    Вики
    Македонија

    Германскиот виолончелист Даниел Милер-Шот настапи на ,,Охридско лето”: Првпат сум во Охрид, овде луѓето се извонредни!

    22/07/20252 Mins Read15 Views
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email
    Шерни
    Facebook Twitter LinkedIn WhatsApp Email

    Еден од најбараните виолончелисти на денешницата, Даниел Милер-Шот од Германија, во понеделникот беше дел од концертната програма на фестивалот ,,Охридско лето“ изведувајќи дела од композиторот Јохан Себастијан Бах.

    Тој е присутен на сите големи концертни подиуми и веќе неколку децении ја одушевува публиката како голем амбасадор на современата музика преку неговите идеи за обединување на музиката, литературата и визуелната уметност.

    -Настапот на „Охридско лето“ значи многу за мене. Првпат сум во Охрид, вторпат во Македонија. Во Охрид преубава е природата, но и луѓето се извонредни, така што едвај чекав да ги споделам звуците на виолончелото со публиката, рече виолончелистот Милер-Шот.

    Неговиот репертоар вклучува бројни дела од барокот, па сè до новосоздадени современи дела. Особено е посветен на проширувањето на репертоарот за виолончело преку сопствени аранжмани и преку соработки со современи композитори. Честопати сам ги претставува концертите и ги пишува текстовите за неговите бројни ЦД-а. На неговиот фестивал во Вевеј креира програма која ги вклучува делата на Бах придружувани со танцова кореографија во обид на визуелен начин да ја „преведе“ музиката. Неговите соработници за камерна музика ги вклучуваат: Кит Амстронг, Рено Капусон, Вероника Еберле, Џулија Фишер, Џанин Јенсен, Сабине Мејер, Нилс Монкемејер, Ан-Софи Мутер, Франческо Пјемонтеси, Емануел Тјекнавориан, Симон Трпчески, како и квартетот „Модиљани“ и други.
    За него и за неговиот инструмент се напишани голем број дела.

    -Почестен сум што неколку композитори сакале да напишат дела за мене и за мојот инструмент, и уживам во изведување на музиката од наше време и во работењето со моите пријатели, композитори,музичари. Се радувам што даваме живот на нова музика бидејќи е жив процес.
    Но, исто така мислам и дека постарата музика како Бах треба да се свири како прва изведба бидејќи за многу луѓе кои не ја слушнале оваа музика на некој начин е и современа музика која се трансформира во времето пред 300 години и сите уживаат во неа, додаде германскиот уметник Милер-Шот кој свири на виолнчелото „Екс Шапиро“ изработено од Матео Гофрилер во 1727 година.

    Оваа концертна сезона меѓу другото вклучува негова турнеја низ Германија со пијанистот Јан Лисецки и оркестарот „Ст. Мартин ин д филдс“, настапи со виолинистката Џулија Фишер, како и концерти со Камерниот оркестар на Концертгебау, Филхармонијата во Хелсинки, Оркестарот на шпанската РТВ и др., како и серија камерни концерти со пијанистот Давид Фре. Оваа година, Милер-Шот има уметничка резиденција на Фестивалот на Камерниот оркестар во Цирих, а на Фестивалот Мекленбург – Форпомерн одбележува 30 години од првиот настап.

    Деск

    Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
    Previous ArticleЦеца ќе пее во Крива Паланка, општината го најави настанот како ,,музичка треска”!
    Next Article 13 од 36 обвинети за случајот со лажните инвалидски пензии се спогодиле со обвинителството: Детали за предметот ,,Синдром”

    ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

    Три дена се трага по неготинецот Димитар: Излегол после ручек да се раздвижи и не се вратил дома!

    Кавадарчанка платила за изнајмување на вила во Грција, кога стигнала на дестинацијата сфатила дека е измамена!

    За два дена регистрирани 1.293 прекршоци: Дури 97 лица возеле без возачка дозвола, а 11 возеле пијани!

    Demo
    Demo
    АКТУЕЛНО

    Три дена се трага по неготинецот Димитар: Излегол после ручек да се раздвижи и не се вратил дома!

    23/07/2025242 Views

    Кавадарчанка платила за изнајмување на вила во Грција, кога стигнала на дестинацијата сфатила дека е измамена!

    23/07/2025180 Views

    Влатко Миладиноски: Ги рушам бариерите, сакам да ги испровоцирам и колегите да го следат мојот пример!

    23/07/202533 Views

    За два дена регистрирани 1.293 прекршоци: Дури 97 лица возеле без возачка дозвола, а 11 возеле пијани!

    23/07/202515 Views
    Stay In Touch
    • Facebook
    • Twitter
    • Pinterest
    • Instagram
    • YouTube
    • Vimeo
    НЕ ПРОПУШТАЈ

    Вилиџ Фестивал Војшанци го најави второто издание: Решени сме да станеме бренд и да го заживееме нашето мало место!

    23/07/2025

    Малото неготинско село Војшанци се подготвува за второто издание на Вилиџ Фестивал, која минатата година…

    Велешанец ќе ја претставува Шведска на ,,Mr. Gay Europe 2025”: Овде можам да придонесам за заедницата и за оние кои бараат свое место!

    22/07/2025

    Синот исчезнатата Злата објавил над 2.000 апели за нејзино пронаоѓање: Мистеријата трае 13 месеци!

    22/07/2025
    ЗА НАС
    ЗА НАС

    „ВИКИМЕДИА” е електронски медиум чија цел е пренесување на точни информации и негување на објективното новинарство.
    Нашиот тим се залага за одбрана на човековите права, демократијата и слободата на говор, како и за гаранција за правото на информирање.

    Facebook X (Twitter) Instagram
    АКТУЕЛНО

    Три дена се трага по неготинецот Димитар: Излегол после ручек да се раздвижи и не се вратил дома!

    23/07/2025

    Кавадарчанка платила за изнајмување на вила во Грција, кога стигнала на дестинацијата сфатила дека е измамена!

    23/07/2025

    Влатко Миладиноски: Ги рушам бариерите, сакам да ги испровоцирам и колегите да го следат мојот пример!

    23/07/2025
    ПОПУЛАРНО

    Вилиџ Фестивал Војшанци го најави второто издание: Решени сме да станеме бренд и да го заживееме нашето мало место!

    23/07/2025

    Велешанец ќе ја претставува Шведска на ,,Mr. Gay Europe 2025”: Овде можам да придонесам за заедницата и за оние кои бараат свое место!

    22/07/2025

    Синот исчезнатата Злата објавил над 2.000 апели за нејзино пронаоѓање: Мистеријата трае 13 месеци!

    22/07/2025
    © 2025 ВИКИМЕДИА. Designed by MK NET.
    • Политика за колачиња
    • Услови за користење
    • Импресум
    • Маркетинг
    • Контакт

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.