Од вчера, па се до недела, 27-ми јули, Охрид ќе биде домаќин на осмото издание на „Филмски фестивал на плажа“ („Beach Film Festival“), информира Министерството за култура.
Фестивалот и годинава ќе понуди програма со филмски проекции и музички перформанси на четири локации во Охрид, и тоа на плажите „Славија“ и „Сараиште“, бродот „Армада“ и Младинскиот центар Охрид. Публиката ќе ужива во над 60 филмови од современата европска кинематографија.
Фестивалот има и натпреварувачки карактер, со доделување награди за најдобар долгометражен и краткометражен филм, најдобро актерско остварување, како и специјално признание за најдобар студентски краткометражен филм.
Сите средства од продадените билети и доброволни донации ќе бидат донирани на погодените семејства од пожарот во Кочани, соопшти министерството.
Деск

