Пожарот на планината Серта од штипска страна, помеѓу селата Драгоево и Селце, се шири кон воениот полигон Криволак, за ТВ Стар соопшти командирот на ТППЕ Штип, Благој Ренџов.
Тој истакна дека голем број на екипи се вклучени во гасењето на пожарот од копно, а во тек на ден се очекувала и воздушна поддршка.
Пожарот помеѓу Драгоево и Селце избувна вчера попладне. Како што соопшти Центарот за управување со кризи, горела нискостеблеста шума – прнар и сува трева.
Деск