Земјотрес со интензитет од 8,8 степени според Рихтеровата скала го погоди градот Петропавловск на Камчатка, а според првичните извештаи, има повредени, објавија руските медиуми. Првиот бран цунами ги погоди Курилските острови, а цунами високo 3-4 метри го погоди полуостровот Камчатка.Жителите се евакуирале на повисоки места додека заканата од нови бранови целосно не помине.
Предупредувања за цунами и евакуација беа издадени и за Јапонија, Хаваи, Западниот брег на САД и други земји од Пацификот.
-Денешниот земјотрес беше сериозен и најсилен во последните десет години, објави гувернерот на Камчатка на Телеграм.
Американскиот сеизмолошки институт објави дека земјотресот бил на длабочина од 19,3 км, околу 125 км од Петропавловск, град со 165.000 жители на брегот на заливот Авача.
Деск

