Популарната пејачка Габи Новак почина на 90-годишна возраст, објавија хрватските медиуми.
Со нејзиниот глас таа беше една од најпрепознатливите пејачки на југословенската сцена, на која беше присутна од почетокот на 1960-те години.
Повеќе од четири децении беше во брак со кантавторот Арсен Дедиќ, кој пак почина пред дест години. Најголемиот животен удар го доживеа годинава во јуни, кога почина нивниот син Матија, на 52 години.
И тој беше дел од музичкиот свет, односно беше еден од најистакнатите хравтски џез пијанисти.
Деск

