Градоначалникот на Кисела Вода, и кандидат за градоначалник на Град Скопје на претстојните избори, Орце Ѓорѓиевски, остварил средба со претседателот на Стопанската комора на Северо-Западна Македонија, Нухиу Алиу.
Како што информира Ѓорѓиревски, средбата била продуктивна, а во фокусот на разговорот биле можностите за унапредување на бизнис-климата и создавање услови за нови инвестиции.
-Заедно ја нагласивме важноста на стабилната институционална поддршка за стопанството и заедничките напори за развој на претпријатијата.
Убеден сум дека соработката меѓу локалните самоуправи и бизнис-заедницата е клучна за економски раст, отворање нови работни места и задржување на младите во Македонија.
Имаме јасна цел – да обезбедиме услови во кои стопанството ќе напредува, а новите идеи и инвестиции ќе наоѓаат плодна почва.
Верувам дека преку партнерство со Стопанската комора на Северо-Западна Македонија можеме да направиме значителен исчекор во создавањето современа и конкурентна деловна средина, која ќе го поттикне развојот и ќе ја засили економската иднина на нашата заедница, порача Ѓорѓиевски.
Деск

