Централната прослава по повод 24 години Единица за брзо распоредување се одржа во Кавадарци, градот кој изминативе години бележи неспорен напредок на секое поле и е позитивен пример во земјава.
На Денот на ЕБР во Кавадарци присуствуваше државниот врв, кој оддаде почит и благодарност за за нивната служба и посветеност кон граѓаните и татковината.
На настанот на градоначалникот Митко Јанчев му беше врачена Благодарница за која имаше и свое обраќање во кое ја истакна благодарноста за укажаната чест. 
-Соработката што ја негуваме како Локална самоуправа со овие институции е од исклучителна важност – денес, но и во иднина.
Огромна благодарност до премиерот Христијан Мицкоски, министерот за внатрешни работи Панче Тошковки, директорот на БЈБ Јанев и претставниците на сите останати институции, благодарение на кои кавадарчани имаа можност да ја видат опремата што не се среќава секојдневно, во рамки на караванот „До вас, за вас“.
Нашите сограѓани уживаа во едукативни и интерактивни активности насочени кон превенција на криминалот, подигнување на свеста и унапредување на заедничката безбедност. Безбедноста е заедничка одговорност, а токму ваквите настани придонесуваат за изградба на посигурна и посилна заедница.
Целта е капацитетите, знаењето, техниката и опремата со кои располага македонската полиција и Единицата за брзо распоредување да се доближат до граѓаните. На тој начин, тие подобро ќе ги запознаат луѓето кои се грижат за нивната безбедност – тивките херои на нашите градови и на целата држава, кои додека ние спиеме, стојат на првата линија на одбраната и безбедноста, истакна градоначалникот Митко Јанчев.
В.К.

