Агенцијата за храна и ветеринарство постапуваше по поднесена пријава од граѓанин, а во врска со објава на социјални мрежи за 24/7 – 365 дена АЛО ВЕТЕРИНАР под профил TOTAL Express, информира АХВ на својата официјална страница.
На профилот е наведено дека се работи за ТОТАЛ ЕКСПРЕС ВЕТ СКОПЈЕ, Итна Ветеринарна Помош со Приватна Ветеринарна Клиника со телефонски број 078 901 439.
-За прв пат во Македонија Ви ја претставуваме Платформата АЛО ВЕТЕРИНАР односно 24 часовна Ветеринарна ИТНА ПОМОШ која има за цел да оствари поддршка, лекување и хируршки интервенции при животозагрозувачки ситуации кај Вашето милениче, било наведено на страницата.
При извршената контрола од страна на Агенцијата констатирано е дека ваков тип на услуга, ветеринарно друштво ниту ветеринарна итна помош не е ОДОБРЕНА од страна на Агенцијата за храна и ветеринарство како надлежна институција за регистрација и одобрување на ветеринарна дејност.
Согласно Закон за ветеринарно здравство ќе се преземат понатамошни дејства! .
Деск

