Вечерва Извршниот комитет (ИК) на ВМРО-ДПМНЕ одржа редовна седница на која беа избрани уште 16 кандидати за градоначалници.
Кандидати на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник се, во Општина Сопиште, Јане Мицески, во Кичево, Александар Јованоски, во Крива Паланка, Оливер Алексовски, во Маврово-Ростуше, Олер Јакупоски, во Кривогаштани, Сашо Граоркоски, во Шуто Оризари, Ерџан Демир, во Крушево, Нико Чонески, во Валандово, Ѓоко Камчев, во Виница, Митко Костадиновски, во Демир Хисар, Никола Најдоски, во Чешиново-Облешево, Јордан Костадинов, во Радовиш, Љупчо Почивалец, во Чашка, Дејан Андоновски, во Прилеп, Дејан Проданоски, во Струмица, Петар Јанков и во Неготино, Марија Нацева.
Во Куманово и во Центар ќе бидат поддржани кандидатите кои ќе ги предложи коалицискиот партнер ЗНАМ. За Општина Кисела Вода пак, ВМРО-ДПМНЕ сѐ уште размислува кого да кандидира.
В.К.
ВМРО ДПМНЕ објави 16 нови кандидати за градоначалници, помеѓу нив само една жена која ќе се бори за победа во Неготино!
1 Min Read

