Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски во тек на вчерашниот ден ги посетил откупните пунктови во селата Тимјаник и Тремник, Општина Неготино.
-Со откупувачите и со лозарите разговарав за текот на откупниот процес, истакна министерот.
Тој додаде дека инспекторите од Државниот инспекторат за земјоделство се на терен и внимателно ја следат ситуацијата.
-Јасно порачувам – нема да се дозволи неправда и манипулација при откупот. Нашата цел е секој лозар да биде сигурен и заштитен во својата работа, посочи министерот.
Деск

