Божидар Коцевски има само 12 години, а веќе ја води најтешката битка – битка за својот живот. Во декември му беше дијагностициран Ewing sarcoma reg. thoracis I. dex. Досега примил 10 хемотерапии, а пред него е уште една – по што мора итно да замине на операција во Princess Maxima Centrum во Холандија, информира платформата eCrowd.mk.
Од таму појаснуваат дека операцијата не може да се изведе во Македонија, па ова е единствената надеж за Божидар.
-Времето е непријател – секој ден е од пресудно значење. Божидар е второ од три деца, момче со големо срце и талент за уметност. Најмногу сака да слика и да го изразува светот низ боите и четките – свет кој сега му е загрозен од суровата болест. Неговото семејство самостојно не може да ги покрие огромните трошоци за операцијата и лекувањето во странство. Затоа, сега е моментот сите заедно да застанеме зад него. Ве повикуваме – секоја ваша донација е чекор кон спасување на едно детско срце кое заслужува иднина, наведуваат од платформата преку која се собираат донации.
Додаваат дека потребната сума според профактурата изнесува 2.852.000 денари, а временската рамка за собирање на средствата е еден месец.
Сите кои сакаат да се вклучат со своја донација, можат да го направат тоа преку страницата на платформата www.ecrowd.mk
Деск

