Приватни превозници ќе вршат организиран автобуски превоз од Неготино, Демир Капија, Велес и други градови до Кавадарци и назад за време на манифестацијата Тиквешки Гроздобер.
Со цел безбедно пристигање и враќање назад, локални компании кои се занимаваат со превоз на патници, обезбедиле линија до Кавадарци и назад до Неготино и Демир Капија. Поаѓањето е од пред 20 часот, додека враќањето е по завршување на забавната програма, во 01.30 часот.
Цената на повратен билет изнесува 200 денари, а превоз ќе има за сите три фестивалски вечери.
Исто така, најавен е организиран превоз и од страна на велешки превозници, а цената на билетот изнесува 400 денари.
Како потсетување, Тиквешки гроздобер започнува утре ( петок) и ќе трае до недела.
Предвидена е богата културно-забавна програма за сите вкусови и возрасти со познати музички имиња од земјава и регионот.
Во тек на трите гроздоберски денови, сите посетители на Кавадарци на влезот во градот ќе добијат пакетче со грозје како подарок.
В.К.
Забавувајте се на Тиквешки гроздобер и безбедно вратете се: Организиран превоз од други општини за време на манифестацијата во Кавадарци
1 Min Read
Previous ArticleДа му помогнеме на Божидар кој ја води најтешката битка!

