Маж од село Корешница среде бел ден возел низ Неготино со 2,89 промили алкохол во крвта, информираат од Секторот за внатрешни работи Велес.
Од таму појаснуваат дека вчера, во 14:15 часот на улица „Партизанска“ во Неготино, полициски службеници од ОВР Неготино го лишиле од слобода А.П.(50) од село Корешница, демиркаписко.
-При контрола на патниот сообраќај, полициските службеници констатирале дека управувал патничко возило „ауди“ со демиркаписки регистарски ознаки под дејство на алкохол, односно му биле измерени 2.89 промили алкохол во крвта, соопштија од СВР Велес.
Од таму додаваат дека за настанот бил известен јавен обвинител, и по целосно документирање на истиот, ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик- Безобѕирно управување со моторно возило.
Деск
Среде бел ден возел со 2,89 промили алкохол низ Неготино, полицијата го лишила од слобода!
1 Min Read

