Здружението на граѓани „16-ти март 2025 – Кочани“ в сабота, 6-ти септември ќе го одржи дваесет и првиот „Марш за ангелите“ – марш на болката и борбата за правда, и гласно потсетување дека ваква трагедија никогаш повеќе не смее да се повтори – ниту за едно дете, ниту за една мајка.
Маршот ќе почне во 17:05 часот – симболизирајќи ја доцната и за жал, фатална институционална реакција.
-Ве повикуваме со отворено срце да ни се придружите – да застанеме заедно во тишина, во солзи и во спомени. Да им оддадеме чест на нашите деца – невини, млади животи кои беа прекинати пред да почнат вистински да живеат. Нека гласот на болката не молчи, истакнуваат од Здружението „16-ти март 2025 – Кочани“.
Деск
Марш на болката и борбата за правда: Родителите по 21-ви пат ќе маршираат во Кочани
1 Min Read
Previous ArticleСреде бел ден возел со 2,89 промили алкохол низ Неготино, полицијата го лишила од слобода!
Next Article Активистите прогласија победа на реката Дошница

