Дури три кражби, од кои една тешка, успеал да изврши радовишанец во еден ден, кој на крај бил приведен. Настанот се случувал вчера, а го потврди Министерството за внатрешни работи.
-Во тек на вчерашниот ден (05.09.2025) во Радовиш полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш го лишиле од слобода А.А. (26) од Радовиш. Тој се сомничи дека на 05.09.2025 на подрачје на Радовиш извршил една тешка кражба и две кражби. Кај него биле пронајдени предмети кои ги одзел при извршување на кривичните дела и ќе бидат вратени на сопственикот, соопштија од МВР.
А.А. бил задржан во Полициската станица Радовиш, известен бил јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Радовиш и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
Деск
Previous ArticleАктивистите прогласија победа на реката Дошница

