По 72 дена отпор и борба, денес сите машини и фирми кои сакаа да ја затворат реката Дошница се повлекоа, објавија од граѓанската организација Changemakers4all.
Од таму додаваат дека силата е во народот, а Дошница ќе тече слободна, и прогласија дека победата е нивна, односно народна.
Како потсетување, активистите 72 дена го блокираа патот, со цел да запрат изградба на мини хидроелектрани на реката Дошница на Кожуф.
Пред неколку недели се повелкоа неколку машини, а денес заминала целата механизација.
Доколку пак се продолжело со изградбата на мини хидроелектраните на Дошница, активистите најавија протест и во Скопје.
Како потсетување, кон крајот на месец јули на блокадите на Кожуф дојде и Грета Тунберг, познатата шведска активистка за климатски права, која им даде поддршка на еко-активистите кои протестираа.
В.К.
Next Article Радовишанец извршил три кражби во еден ден

