Пожарникарот и прв човек на хуманитарното здружение ,,Подај рака, спаси живот”, Александар Георгиевски од Штип, кој е еден од повредените во пожарот во фабриката на Винчини во Виница, јавно се огласи по повод настанот и се заблагодари на сите за поддршката. Открива кои се хоспитализираните луѓе со него во болницата во Кочани, и порача дека никој од нив не бил сериозно загрозен.
-Ви благодарам од срце за подршката и сакам да ја информирам јавноста дека сите четири лица кои се со мене хоспитализирани во болницата во Кочани сме добро и никој од нас не е сериозно загрозен со тешки повреди.
Станува збор за:
Кристијан Атанасов – Пожарникар од Свети Николе (ТППЕ Свети Николе),
Дејан Јаневски (вработен во Винчини, менаџер за продажба ) од Виница,
бившиот командир на Виница кој волонтерски помагаше на лице место, Станко Спасов, и јас Александар Георгиевски, пожарникар вработен во ТППЕ Штип.
Ве молам да не се крева паника, пожарникарската работа е таква и добро знаеме какви се нашите предизвици, сите единици, волонтери, доброволни друштва што беа присутни таму дадоа се од себе пожарот да се стави во контрола и се стави, а ова беше и тоа како сериозен пожар, тоа најодговорно го тврдам, секој еден пожарникар доброволец, волонтер присутен таму се бореше машки, чесно и достоинствено до последен здив и секој еден поединец заслужува голем респект.
Морам да одадам пофалница и признание и за Кочанската Општа Болница со проширена дејност и целиот персонал кој беше 24 часа на располагање за сите нас, луѓето најпрофесионално, посветено си ја извршија својата работа на што ќе сме им бескрајно благодарни за навека, објави Георгиевски.
По пожарот во фабриката за кандирани производи и вафли кој избувна вчера, 18 лица биле примени во кочанската Општа болница. Дел се задржани во Кочани, дел од нив се препратени на клиниките во Скопје, но сите се во стабилна состојба.
Деск
Помеѓу повредените во пожарот е и менаџер за продажба во Винчини, во стабилна состојба се хоспитализираните во болницата во Кочани
2 Mins Read

