Денес во Кавадарци се одржува третата, финална вечер од манифестацијата Тиквешки гроздобер 2025 за која се предвидени богати културно-забавни содржини.
Изложба на олдтајмери, Детски фестивал Гроздоберче, Мото рели, Изложба на скулптури, настап на Акустико Бенд и Детски Тиквешки карневал се дел од содржините кои се одржуваа во тек на денот.
Вечерта пак, на градскиот плоштад настапуваат Либеро Бенд, Марија Шерифовиќ и Харис Џиновиќ.
Ова ќе биде прво гостување во градот на српската евровизиска победничка Шерифовиќ. Џиновиќ пак, доаѓа по третпат на манифестацијата, а годнава настапувал брз хонорар, бидејќи премногу го засакал Кавадарци.
Деск

