Гинисовата книга на рекорди слави 70 години постоење. Се што е ,,Нај” без оглед дали се работи за позитивна или негативна дисциплина, може да се најде на страниците на книгата со рекорди, а Македонија беше впишана во истата во 2014 година, како земја со најниска стапка на рециклирање.
-Според извештајот „Каков отпад 2.0“, објавен од Светската банка и Меѓународната банка за обнова и развој во 2018 година, земјата со најниска стапка на рециклирање е Македонија, со 0,2%, врз основа на податоците собрани во 2014 година.
Бројката од 0,2% е од 2013 година. Македонија е суверена земја со најниска стапка на рециклирање во извештајот, иако не се опфатени сите земји, пишува во Гинисовата книга на рекорди.
Инаку, книгата на рекорди била создадена поради причина да нема негодувања околу тоа, кој е рекордер во некоја категорија. За првпат излегла во печат во 1955 година, а веќе во 1965 година милиони изданија се продавале низ светот, на повеќе јазици.
Деск
Гинисовата книга на рекорди слави јубилеј: Македонија имаше неславен Гинисов рекорд пред 11 години!
1 Min Read
Previous ArticleПо единаесет години Дорис Драговиќ се враќа во Скопје!

