Комисијата за избор при Друштвото на филмските работници на Македонија (ДФРМ) донесе одлука дека документарецот на режисерката Тамара Котевска, ,,Силјан” е македонски кандидат за Оскар за најдобар странски филм.
Ова е трет документарец на Котевска, која има две номинации за Оскар за првиот документарец „Медена земја“ кој во 2020 беше номиниран за најдобар странски и за најдобар документарен филм.
Од Агенцијата за филм соопштија дека при својот избор, комисијата се водела од уметничката вредност на филмовите, квалитетот на нивната наративна и визуелна компонента, како и од актуелноста и длабочината на приказните кои ги обработуваат.
Документарецот ,,Силјан” е снимен во Овчеполието и е филм за иселувањето во источна Македонија.
Деск
Previous ArticleПриведена жена од кавадаречко Бегниште која предизвикала пожар!

