Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски потпиша Меморандум за соработка со В.Д директорот на Управата за извршување на санкции, Александар Пандов, соопштија од МЗШВ.
Од министерството посочуваат дека морандумот за соработка има за цел да воспостави тековна соработка помеѓу двете институции за обезбедување на земјоделско земјиште во државна сопственост за вршење на земјоделска дејност од страна на стопанско-инструкторските одделенија формирани во рамките на секторите за ресоцијализација во состав на казнено-поправните установи.
-Оваа иницијатива претставува значаен чекор во процесот на ресоцијализација и професионална обука на осудените лица, овозможувајќи им да стекнат практични вештини во земјоделството.
Соработката ќе придонесе за подобрување на условите за ресоцијализација и подготвување на осудените лица за успешно враќање во општеството по извршувањето на казната, истакнаа од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.
Деск
Осудениците ќе стекнуваат вештини во земјоделството, за успешно враќање во општеството по извршување на казната
1 Min Read
Previous Article,,Силјан” е македонски кандидат за Оскар

