По успешната праизведба на „Лов на дива свиња“ од Марија Сарап и во режија на Наташа Поплавска, во Македонскиот народен театар, претставата премиерно беше изведена и во Градското позориште Подгорица, соопштија од Македонски народен театар.
Од таму додаваат дека оваа копродукција помеѓу Македонскиот народен театар, Градското позориште Подгорица и „Арт Медиа“ од Скопје силно проговори за семејното насилство, фемицидот и борбата на жените за глас и правда и ја обедини енергијата на креативниот тим од Македонија и Црна Гора во искрена и моќна приказна која ја растрепери публиката.
-„Лов на дива свиња“ не е само театар – туку катарза, апел и надеж дека уметноста може да биде најгласниот сојузник во борбата против тишината.
Ова сценско дело отвора силна уметничка перспектива за искуството на жената на Балканот – жена која е маргинализирана, исклучена и протерана затоа што не се вклопува во очекуваните општествени модели на сопруга и мајка, соопштија од МНТ.
Деск
Фото: Ѓорѓе Цмиљаниќ
МНТ: Приказната за семејното насилство и фемицидот ја растрепери публиката во Подгорица
1 Min Read

