Момче од Неготино на возраст од 21 година заработи кривична пријава, поради основи за сомнение дека криумчарело мигранти од Индија и Непал, извести Министерството за внатрешни работи.
Од таму додаваат дека Регионалниот центар за гранични работи Север поднесе кривична пријава против Б.П.(21) од Неготино поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,криумчарење мигранти’’, а настанот се случил годинава, во јануари.
-На 21.01.2025 на автопатот „Пријателство“, кај Куманово, полициски службеници запреле патничко возило „фолксваген туарег“, кое го управувал пријавениот, при што биле пронајдени пет лица мигранти, од кои тројца од Индија и двајца од Непал, кои требало да ги транспортира до Гевгелија, соопштија денес од МВР.
Деск
Фото: Илустрација
Кривична пријава против момче од Неготино, во возилото му пронашле Непалци и Индијци
1 Min Read

