Министерството за внатрешни работи се огласи по повод сообраќајната несреќа на патот Штип- Радовиш, во која утринава загинаа три лица.
-Денеска во 08.13 часот во СВР Штип е пријавено дека на експресниот пат Штип-Радовиш, кај мостот на Балталиска река во близина на с.Лакавица, штипско, товарно возило „фиат дукато“ со струмички регистарски ознаки, сопственост на правно лице од Струмица, а управувано од М.Д.(35) од село Иловица, струмичко, излетало од мостот.
Од екипа на итна медицинска помош, кај три машки лица е констатирана смрт, додека возачот и уште едно машко лице со повреди се пренесени во Клиничка болница Штип за укажување лекарска помош, информираат од полицијата. Увидот е во тек, соопштија од министерството.
Според првичните информации, загинатите лица се работници од Бангладеш кои се превезувале на работа.
Деск
Возачот од струмичко и уште еден патник се повредени, тројцата загинати се од Бангладеш
1 Min Read
Previous ArticleСДСМ објави нови кандидати за градоначалници

