Синоќа во Кавадарци била приведена 38-годишна жена, која првично се тепала со нејзината мајка пред кафеана, а потоа била агресивна и со полициските службеници, кои постапувале по пријавата, соопшти Секторот за внатрешни работи Велес.
Од таму додаваат дека синоќа во 21:00 часот во Кавадарци, полициски службеници од ОВР Кавадарци ја приведоа Ј.Ч.(38) од Кавадарци, постапувајќи по претходна пријава дека пред угостителски објект во Кавадарци, таа и нејзината мајка О.А.(65) го нарушиле јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка.
-Исто така, Ј.Ч. агресивно се однесувала и кон полициските службеници кои вршеле службени дејствија, односно постапувале по пријавата. Ј.Ч. е задржана во полициска станица, а по документирање на настанот против неа и мајка ѝ ќе бидат поднесени соодветни пријави, соопштија од полицијата.
Деск
Мајка и ќерка се тепале пред кафеана во Кавадарци, приведена е ќерката која била агресивна и со полицајците
1 Min Read

