Забраната за употреба на водата за пиење во Неготино останува на сила, и се чекаат официјални резултати од земените мостри за анализа од страна на Центарот за јавно здравје Велес.Иако вечерва водата е пуштена, сепак не смее во никој случај да се пие, се додека тоа не биде соопштено од страна на ЈП Комуналец.
-Нашите екипи без прекин работат на решавање на проблемот. Водата која е забранета за пиење, ја пуштивме само поради хигиенски причини, за употреба во тоалетите, а забраната може да трае и неколку дена, за ВИКИМЕДИА соопштија од јавното претпријатие.
Се уште не се знае официјалната причина за присуство на непријатен мирис и вкус, но и боја на водата, и претпоставка е дека проблемот можеби настанал од страна на корисници кои ја употребувале водата за пиење за ладење на казаните, при варење на ракија.
Најверојатно, проблемот настанал од оставено црево во резервоарот за ладење, од каде дошло до создавање на вакум, и повлекување на водата во градската мрежа и загадување.
Од ЈП Комуналец ги информираат граѓаните да ги следат нивните соопштенија, и од таму ќе информираат кога водата ќе може да се користи за пиење. Во меѓувреме, од повеќе локации на градот до ВИКИМЕДИА пристигаат фотографии и видеа од заматената вода, а граѓаните се жалат дека истата има и многу непријатен мирис.
В.К.
ВАЖНО СООПШТЕНИЕ: Забраната за пиење на водата во Неготино останува, може да трае и неколку дена!
2 Mins Read

